Данскиот шампион ГОГ денес го соопшти новото засилување за следната натпреварувачка сезона 2022/23.
Станува збор за репрезентативецот на Норвешка, Александар Блонц, кој моментално настапува во ПИК Сегед.
Блонц во тимот од Данска ќе биде замена за шведскиот репрезентативец Џери Толбринг
Како што е веќе познато, Толбринг од следната сезона ќе го носи дресот на Фуксе Берлин.
22-годишниот ракометар од Норвешка со раководството на ГОГ се договори на соработка, со важност до јуни, 2025 година.
Норвежанецот пред една сезона направи трансфер од Елверум во ПИК Сегед.