Тимот на Металург РА со нов тренер денеска ги почна подготовките за плеј-оф фазата во Првата лига.
На кормилото на екипата од Автокоманда ќе биде Владимир Глигоров, кој дојде на местото на Игор Котевски, кој пак се пресели во составот на ГА КЛ7.
Металург РА подготовките ќе ги одработи во Скопје, а во план се и неколку пријателски средби.
Младиот тим од Автокоманда ќе има тешка задача да се избори за суперлигашки бараж, а како конкуренти ќе ги има екипите на Шампион, Јехона, Драчево, Аеродром, Куманово, Вардар Неготино и Скопје.