Тимот на Вардар Неготино стартуваше со подготовките за деби сезоната во суперлигашката конкуренција.
Под водство на новиот тренер Владимир Глигоров, неготинци ги започнаа тренинзите и започнаа со подготовки за предизвиците од септември.
Досега на тимот му се приклучи Саше Михајловиќ од Младост Богданци, а во следниот период ќе има и нови имиња во неготинскиот тим. Најголемиот дел од играчите од ланскиот состав останаа, додека заминаа само близнаците Борче и Бојан Трпески.
Договорени се пријателски натпревари со тимот на Голден Арт, Тиквеш и Радовиш.
Вардар Неготино во Суперлигата ќе биде дел од групата А заедно со Вардар, Бутел Скопје, Прилеп, Охрид, Струга, Алкалоид и Куманово.