Денес ќе се одржи извлекувањето на претквалификациските групи за Мундијалот што ќе се одржи во Шпанија од 01 до 19 декемврви 2021 година.
Женската сениорска репрезентација е дел од првиот шешир и ќе добие два или три противника во квалификациската група.
Шешир 1: Македонија, Австрија, Белорусија, Словачка, Турција
Шешир 2: Украина, Италија, Исланд, Швајцарија, Португалија
Шешир 3: Литванија, Фарски Острови, Косово, Израел, Финска
Шешир 4: Грција, Луксембург
Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Ќе се формираат пет групи (две со по четири, три со по три селекции), а прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот.
Ждрепката започнува од 15:00 часот, а може да ја следите на линкот во продолжение…