Денеска во „Замок Љубљана“ со почеток од 17:00 часот ќе биде извршена ждрепката за групите од Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора. Четири ракометарки меѓу кои и Македонката Андреа Седлоска, ќе бидат задолжени за влечењето заедно со дел од луѓето од ЕХФ.
Македонија се наоѓа во третиот шешир заедно со Словенија, Хрватска и Германија, па сигурно нема да игра против нив во првата рунда. Нема да игра ниту против Црна Гора и Унгарија, кои се распределени како домаќини во Љубљана и Подгорица, а од противниците во втор шешир сигурно ќе игра против Холандија или Шведска.
шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Полска
шешир 2: Црна Гора, Шведска, Унгарија, Холандија
шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија
шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија
Најпрво ќе се влечат двете селекции од третиот шешир, па оние од вториот, па четвриот и на крајот од првиот шешир.
ЕП ќе се игра од 4 до 20 ноември во Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана.
Ждрепката може да ја гледате ТУКА или ТУКА
*за да ја следите ждрепката на вториот линк ќе ви биде потребна регистрација