Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Работнички – ГРК Тиквеш (ЛИНК)

Денеска се игра последното 14. коло од Групата Б во Супер машката лига. Две средби се за пласман во плеј-офот и особено го привлекуваат вниманието. Таму се решава третиот патник во плеј-офот од Супер машката лига. Тимот на ГРК Тиквеш денеска мора да победи за да има шанса, а гостува во Скопје кај Работнички. Само победа е опција на кавадарчани. Средбата се игра во салата во СЦ „Јане Сандански“, а почнува од 17 часот.