Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Пелистер – Чаир (ЛИНК)

Екипите на Пелистер и Чаир денеска ќе го одиграат заостанатиот натпревар во 5. коло од Групата А во Супер женската лига. Гостинките ќе бидат фаворитки пред почетокот на средбата, но тоа ќе треба да се потврди и на терен бидејќи и ракометарките на Пелистер ќе имаат што да покажат. Натпреварот се игра во Битола во салата „Боро Чурлевски“. Почнува во 16:30 часот, а со неа се комплетира 5. коло во Супер женската лига.