Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од регуларниот дел во регионалната СЕХА лига, а ривал е унгарскиот гигант Веспрем, кој беше поразен на првиот меч во Битола.
Во групата Б, Веспрем, Мешков и Загреб, се во конкуренција за првите две позиции. Битолчани практично се сигурни на четвртото место, со оглед на тоа што Металопластика која е петта со ист број бодови, вкупно 9 но и со натпревар повеќе во последното коло игра со Веспрем.
Натпреварот меѓу Веспрем и Еурофарм Работник, кој се уште не настапува под новото име, се игра денеска од 17:00 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.