Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат последниот натпревар за оваа година во Лигата на шампионите.
Во Скопје гостува унгарскиот гигант Веспрем, со поранешните вардарци – Мораес, Борозан, Штербик и Манасков, како и тренерот Дејвис.
Во домашниот тим ќе ги нема повредените Толедо и Дисингер, а ќе отсуствува и голманот Артурс Кугис. На негово место во ростерот е 19-годишнио Васил Гогов, додека се враќа и левиот бек Сергеј Горбок.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот, а може да го гледате на следните ЛИНК1, ЛИНК 2.