Денеска со три натпревари во Струга, Радовиш и Битола започнува пролетниот дел од сезоната во Суперлигата.
Покрај езерото гостува тимот на Металург, кој е прв на табелата по 14 одиграни кола во есенскиот дел.
Иако стружани се засилија во текот на преодниот рок и сега имаат поширок ростер, сепак се освен убедлива победа на тимот од Автокоманда би било големо изненадување.
Натпреварот се игра во СЦ „Тими“ со почеток во 14:30 часот без присуство на публика, а може да го гледате на следниот ЛИНК.