Денеска со три натпревари во Струга, Радовиш и Битола започнува пролетниот дел од сезоната во Суперлигата.
Тимот на Пролет гостува кај Радовиш и со победа може да го завери пласман во разигрувањето за титулата.
Гостите се фаворити на овој натпревар, а свое деби би требало да имаат и засилувањата Петар Ангелов и Ѓуро Мујиќ.
Натпреварот се игра во салата „25 Мај“ со почеток во 18:00 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.