Ракометарите на Еурофарм Работник после враќањето од Шпанија се соочуваат со нов предизвик, а денеска следува дуел против екипата на Веспрем во рамки на СЕХА лигата. Натпреварот почнува од 17:15 часот, а се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Битолчани сезонава имаат две победи во СЕХА и три порази од по еден гол разлика во Лигата на шампионите така што од никого не беа никогаш надиграни и денеска се очекува да продолжат во истиот ритам. Тоа што Веспрем дојде во Битола во најсилниот состав е само доказ дека шампионот на Унгарија не препушта ништо на случајот.
Оттаму денеска се очекува убав натпревар во кој Еурофарм Работник е пред голем предизвик и сигурно ќе се обиде да дојде до што е можно подобар резултат и да се надигрува со противникот кој е со улогата на фаворит.
Натпреварот може да го гледате на следниот ЛИНК.