Денеска со три натпревари во Струга, Радовиш и Битола започнува пролетниот дел од сезоната во Суперлигата.
Составот на Еурофарм Пелистер 2 сосема извесно ќе игра во битката за опстанок во елитното друштво, но таму ќе биде и Работнички, а бодовите се пренесуваат во следната фаза, па бодовите се важни за двете екипи.
Натпреварот започнува во 18:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ без присуство на публика, а може да го гледате на следниот ЛИНК.