По одиграните четири натпревари во текот на викендот од 15 коло во Суперлигата, останува денеска да се одигра уште дербито на ова коло.
На овој дуел меѓу Бутел Скопје и Охрид нема фаворит, бидејќи двете екипи располагаат со сличен квалитет.
Во споредба со есенскиот дуел, во Бутел има две нови имиња – Сулима и Николиќ, додека кај Охрид еден нов играч – Николов.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид ќе се одигра денеска со почеток во 19:00 часот во спортската сала „Антон Димитров“ во населба Бутел, а можете да го гледате на следниот ЛИНК.