Екипата на Металург денеска се збогува со натпреварите во Лигата на Европа бидејќи го игра последниот натпревар против Адемар Леон на домашен терен.
На средбата која се игра во СЦ „Борис Трајковски“ сосема јасно е кој тим е фаворитот на овој дуел. Тука гостите од Шпанија влагаат со предност така што на металурзите е да одиграат опуштено и да се обидат да извлечат максимум.
Денеска нема што да се загуби, па тоа е шансата за да се одигра најдобро што може.
Натпреварот оди во пренос на Македонската телевизија, а ќе можете да го следите и на некој од следните линкови, доколку не сте пред вашите ТВ приемници.