Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург РА – Јехона (ЛИНК)

Екипите на Металург РА и Јехона ќе имаат натпревар од плеј-офот во Првата машка лига, но освен за меѓусебен престиж овој дуел нема друго значење. И двете екипи се далеку од можноста да се борат за директен пласман во Супер лигата или за бараж така што е сосема извесно дека на овој натпревар може да се очекува само надигрување. Почетокот на овој натпревар е закажан за во 19:30 часот.