Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург – Пролет (ЛИНК)

Третиот натпревар од 8. коло во плеј-офот во Супер машката лига се игра денеска во салата во „Автокоманда“. Тимот на Металург е домаќин на екипата на Пролет и за очекување е ова да биде интересен натпревар во кој домашните ќе одат на максимум за да се реваншираат за поразот од стартот на сезоната. На Металург му се потребни бодови за враќање во трката за излез во европските купови, додека Пролет ќе сака нови три бода за останување на висока позиција. Почетокот на овој натпревар е во 17 часот.