Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Двобојот меѓу Металург и Еурофарм Пелистер ќе го одбележи денот во плеј-офот од Супер машката лига. Ова е натпревар на кој домашните немаат избор освен да притиснат со сите сили за да дојдат до нешто повеќе против фаворитот. Гостите од Битола, пак, влагаат со предност и се очекува да ја искористат истата. Ќе биде интересно, па вреди да се погледне и овој дуел, кој ќе оди и во пренос на Македонската телевизија. Инаку, можете да го следите и на линкот.