Репрезентативците на Македонија од вчера се во Каиро, а денеска треба да го одиграт првиот натпревар на Светското првенство.
Со почеток во 20:30 часот Македонија ќе се најде на терен на дуелот против селекцијата на Шведска и ова е пресметка на која може да се очекува интересен натпревар и интересни 60 минути.
Натпреварот ќе го судат Норвежаните Јорум и Клевен, додека делегат ќе биде Австриецот Рајсингер.