Репрезентацијата на Македонија вечерва го игра првиот дуел од главната рунда на Светското првенство за кадетки.
Како што е веќе познато, избраничките на Љубомир Савевски по трите победи во групната фаза, против Сенегал, Узбекистан и Иран, обезбедија пласман меѓу 16-те најдобри репрезентации на кадетскиот Мундијал, кој се одржува во Македонија.
Македонија за прв ривал во главната рунда ја има селекцијата на Шведска, која во Скопје пристигна со селекторот на сениорките, Томас Акснер.
Швеѓанките на овој натпревар ќе бидат мотивирани за да дојдат до победа, бидејќи во главната рунда стартуваат без бодови, додека Македонија пренесе два бода и доколку триумфира вечерва ќе обезбеди пласман во четвртфиналето.
Натпреварот меѓу Македонија и Шведска ќе се одигра во вечериот термин од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.