Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го има клучниот натпревар и против Полска нема друг избор освен да нападне од почеток и да се обиде да дојде до победа.
Само победа е опција за пласман во полуфиналето така што сосема извесно е дека ова ќе биде интересен дуел на кој едноставно ќе мора да се даде максимумот со цел да се дојде до триумф и да се продолжи со битката за пласман во полуфиналето.
Средбата почнува во 15 часот, а судии на овој натпревар се Рамеш и Суреш Тијагарајах од Германија. Делегати се Леополд Калин и Томо Водопивец од Словенија.
Натпреварот ќе можете да го гледате на следниот ЛИНК.
*Претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.