Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот КЛ 7 – Јуниор Кисела вода (ЛИНК)

Последниот натпревар од плеј-аут групата од Супер машката лига ќе биде одигран денеска од 16:30, а во него се среќаваат градските ривали КЛ 7 и Јуниор Кисела вода. Ова е дуел на кој бодовите се важни и за двата состави така што сигурно ќе се обидат да направат сè за да дојдат до нив. Сигурно е и дека ова ќе биде интересна средба на која и едниот и другиот тим ќе имаат свои моменти и свои шанси. Тоа е гаранција за интересен дуел кој ќе даде шанса за позиција во горниот дел на табелата.