Двете екипи од Македонија кои настапуваат во СЕХА лигата денеска го имаат натпревари, а први на терен ќе се најдат ракометарите на Еурофарм Пелистер.
Тимот од Битола се соочува со составот на Татран Прешов и тоа на свој терен така што денешниот натпревар ќе биде доста интересен и сигурно ќе има возбудувања, а јасно е дека домашниот тим ќе биде во предност.
Од Еурофарм Пелистер се чека победа, па денеска од 17:45 часот ќе има што да се види во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Со нова победа Еурофарм Пелистер ќе остане високо на табелата и со убави шанси за добар пласман пред почетокот на елиминациите.
Средбата ќе оди во пренос на Македонската телевизија на првиот канал, а од 18 часот ќе следува вклучување и на третиот канал. Овие канали можете да ги следите и на линковите во продолжение.