Со натпреварот против Војводина екипата на Вардар денеска го игра првиот натпревар сезонава во СЕХА лигата. Вардар влегува како фаворит на овој натпревар така што не се очекува ништо друго освен победа.
Враќањето на македонските репрезентативци од Египет дава повеќе избор на теренот за „црвено-црните“ кои со ова отвораат период од 35 дена во кои ќе имаат голем број на натпревари во СЕХА и во Лигата на шампионите.
Денеска е важно да се дојде до триумф и затоа мора да се одигра максимално.
Средбата оди во пренос на Македонската телевизија и тоа на Првиот и на Спортскиот канал. Доколку не сте пред ТВ приемниците можете да го следите на еден од линковите.