Средбата меѓу Вардар и Металопластика која се игра денеска од 16 часот ја затвора сезоната и на овој дуел Вардар влегува одново како фаворит.
После вчерашните 39:31 во корист на Вардар денеска е потребно само да се доврши задачата и да се потврди пласманот во четврт-финалето од СЕХА лигата.
Металопластика тешко ќе може да парира, па затоа и денеска се очекува триумф за Вардар и нови бодови со кои „црвено-црните“ без проблеми ќе стигнат во следната фаза од натпреварувањето.
И овој натпревар ќе биде пренесуван од страна на Македонската телевизија, а можете да го следите и на линкот во продолжение.