Екипите на Вардар и Металопластика денеска го играат првиот натпревар од осминафиналето од СЕХА лигата. Се работи за дуел на кој може и да биде решен патникот во четврт-финалето, па затоа ќе биде доста важно денеска да се одигра на високо ниво.
Вардар е фаворит на овој дуел и сигурно дека влегува со предност и ќе треба истата да ја потврди и на теренот.
Реваншот се игра утре од 16 часот, но сосема извесно е дека денеска може да падне одлуката. Натпреварот се игра со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, а оди во директен пренос на третиот канал на Македонската телевизија. Истиот можете да го следите и на линкот подолу.