Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Бутел Скопје – Металург (ЛИНК)

Покрај езерското дерби денеска се игра дуел и во Скопје каде што ќе има пресметка на градските ривали Бутел Скопје и Металург. Тимовите кои во минатото коло претрпеа порази на гостувањата кај Пролет и Охрид денеска ќе се обидат да надоместат и да дојдат до бодови, па ќе биде интересно. Сигурно ќе има што да покажат и двата состави и овде може нијанси да пресудуваат. Во друга ситуација Металург сигурно би бил фаворит, но денеска нема предност за никого. Средбата се игра во салата „Антон Димитров“ во Бутел, а почетокот е во 14:30 часот.