Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Астраион – Охрид (ЛИНК)

Денеска се играат три нови натпревари од Групата А во Супер машката лига, а први на терен излагаат ракометарите на Астраион и Охрид. На овој дуел голема предност оди за гостите кои играат во одлична форма и денеска ќе се обидат да дојдат до 12 победа во 12 средби. Гостите се фаворити и оваа улога треба да ја оправдаат на терен. Не би требало да има поголеми проблеми така што се очекува гостински триумф. Овој натпревар се игра во салата „Парк“ во Струмица и почнува од 18:30 часот.