Гледајте ги ВО ЖИВО натпреварите Бутел Скопје – Скопје 2020 и Алкалоид – Куманово (ЛИНКОВИ)

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СКОПЈЕ 2020 (Супер машка лига)

АЛКАЛОИД – КУМАНОВО (Прва машка лига)

Екипата на Скопје 2020 која е дебитант во Супер машката лига уште нема бодови и денеска ќе се најде на ново тешко гостување кај Бутел Скопје. Сосема извесно е дека на овој дуел составот на Бутел е фаворит, но ќе треба задачата да биде одработена на терен и таму да се покаже најдоброто. На Скопје 2020 е да покаже дека може да парира и да се обиде да дојде до добар резултат. Нема да биде лесно, но нема што да се загуби. Во терминот од 19 часот играат и Алкалоид и Куманово во Првата машка лига, а и тука домашниот состав влегува со улогата на фаворит за победа.