Македонскиот шампион Ѓорче Петров денес го игра реванш дуелот против Јарослав во рамки од осминафиналето во Европскиот Куп.
На првиот натпревар, кој беше одигран вчера, избраничките на Симе Симовски триумфираа со еден гол разлика, 27:26.
На Ѓорче Петров во денешната средба му одговара и нерешен резултат за да продолжи во следната фаза во третото по ранг европско натпреварување.
Тренерот Симе Симовски не направи ниедна промена во ростерот за реванш средбата и на теренот ќе бидат истите 16 ракометарки од вчера.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Јарослав стартува од 18:00 часот во салата во Автокоманда, а може да го следите ТУКА.