Женската кадетска репрезентација на Македонија денес на Европското првенство во Црна Гора ќе ја брка првата победа.
Ракометарките на Македонија во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место за ривал ја имаат селекцијата на Швајцарија.
Доколку победат, тогаш ги чека борба за 13 место со победникот од дуелот меѓу Португалија и Исланд, а доколку загубат ќе играат за 15 место со поразениот од овој двобој.
Дуелот меѓу Швајцарија и Македонија ќе стартува со почеток од 13:30 часот, а може да го гледате ТУКА.
*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!