Гледајте ВО ЖИВО: Чешка – Македонија (ЛИНК)

Женската младинска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Романија.

Ривал на избраничките на Јулијана Дамчевска ќе биде незгодната репрезентација на Чешка, која исто како и ,,црвено-жолтите” ќе атакува на прва победа на младинскиот континентален собир.

Според прикажаната игра на претходните два дуели, двете репрезентации имаат подеднакви шанси за триумф.

Натпреварот меѓу Чешка и Македонија ќе стартува со почеток од 14:15 часот, а може да го гледате ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.