Гледајте ВО ЖИВО: Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес во „Макс Шмелинг Арена“ гостува кај екипата на Фуксе Берлин во натпревар од 9. коло од Лига на Европа.

Првиот дуел меѓу двете екипи, кој беше одигран во месец ноември, заврши со победа на бундеслигашот од 43:34.

Дуелот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер ќе стартува со почеток од 20:45 часот.

Пренос од дуелот ќе има на Арена Спорт 3 (Хрватска) и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА (има шест линкови на избор) или ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.

Судии на овој натпревар ќе бидат Јан Кармо и Жулиен Мурш од Франција, додека делегат од Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Тихомир Касуниќ од Хрватска.