Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ќе го одиграат реванш дуелот против Татран Прешов во рамки од четвртфиналето од регионалната СЕХА лига.
Избраниците на Александар Јовиќ на првиот дуел, кој беше одигран во Битола, триумфираа со 37:29.
Словачкиот шампион ќе се обиде да го даде максимумот, но ќе има тешка задача да ја анулира негативата од осум гола.
Натпреварот меѓу Татран Прешов и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во „Татран Арена“, со почеток од 16:00 часот.
Пренос од реванш дуелот ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.