Гледајте ВО ЖИВО: Македонија – Франција (ЛИНК)

Женската репрезентација на Македонија денеска го игра претпоследниот натпревар на Европското првенство во ракомет на плажа.

Противник на избраничките на Златко Мојсоски ќе биде селекцијата на Франција, а мечот стартува од 13:00 часот.

Натпреварот за пласман од 13 до 16 место на ЕП ќе се игра во португалскиот град Назаре, кој е домаќин на ЕП.

Овој дуел меѓу Македонија и Франција ќе се игра на теренот број 4, а ќе можете да го следите на ЕХФ, на линкот ТУКА.

*за да го следите натпреварот на ЕХФ ТВ ќе треба да се регистрирате во неколку чекори.