Гледајте ВО ЖИВО: Македонија – Норвешка (ЛИНК)

По трите порази од Црна Гора, Данска и Чешка во групната фаза, женската младинска репрезентација на Македонија од денес ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Романија.

Прв ривал на Македонија во разигрувањето ќе биде незгодната репрезентација на Норвешка, која потфрли во групната фаза и успеа да освои само два бода.

Освен со Норвешка, избраничките на Јулијана Дамчевска во рамки од групата 4 ќе играат и против репрезентацијата на Србија.

Во зависност од остварените резултати во оваа група, в петок и сабота „црвено-жолтите“ ќе разигруваат или од 9 до 12 место или од 13 до 16 место со уште други два ривали.

Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка ќе стартува со почеток од 12:00 часот, а може да го гледате ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.