Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во рамки од 3. коло од Лига на Европа пред својата публика ќе играат против Фуксе Берлин.
Македонскиот вицепрвак во досегашниот тек од сезоната во второто по ранг европско натпреварување има половичен ефект, пораз од Архус и победа против Агуаш Санташ.
Судии на овој натпревар ќе бидат Адам Биро и Оливер Киш од Унгарија, додека делегат од Европската ракометна федерација ќе биде Хрватот Владимир Сокол.
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:45 часот.
Ќе има пренос на Арена Спорт 1 и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА (вториот линк работи само ако гледате надвор од Македонија со претходна регистрација).