Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес против Војводина ќе ја бркаат првата победа во новата сезона од регионалната СЕХА лига.
Избраниците на Ларс Валтер на првиот дуел против Војводина беа поразени со пет гола разлика, 29:24.
Српскиот шампион поради обврски во домашниот шампионат, во Битола допатува со комбиниран состав, така што на денешната средба македонскиот вицепрвак е голем фаворит.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Војводина ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Пренос од денешниот натпревар ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.