Македонскиот шампион Вардар денес во Нови Сад ќе го одигра реванш натпреварот од четвртфиналето на регионалната СЕХА лига.
Вардарци ќе можат да си дозволат и мало опуштање на овој реванш дуел, бидејќи на првиот натпревар триумфираа убедливо со 38:25.
Екипата на Војводина, која ќе настапи со истиот состав од Скопје, односно со младинци, ќе се обиде да се покаже во подобро светло.
Натпреварот меѓу Војводина и Вардар ќе се одигра во спортската сала „Слана Бара“, со почеток од 16:30 часот.
Снимка од овој дуел ќе има на третиот канал на МТВ од 18:30, а преносот може да го гледате ТУКА или ТУКА.