Ракометарите на Вардар денес на свој терен ќе го пречекаат словачкиот шампион Татран Прешов во рамки од 3. коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.
Македонскиот шампион токму од екипата на Татран Прешов беше поразен на почетокот на регионалното натпреварување со 27:23.
Вардарци доколку посакуваат освојување на првото место во групата, на денешниот дуел ќе треба да го дадат максимумот и да триумфираат со пет гола разлика, но и во последното коло, против тимот на Партизан, да не направат кикс.
Дуелот меѓу Вардар и Татран Прешов се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.
Пренос од овој дуел ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.