Ракометарите на Вардар денеска ги очекува вториот натпревар во групната фаза од СЕХА лигата.
Избраниците на Владо Недановски на домашен терен силите ќе ги одмерат со екипата на Партизан од Србија.
Македонскиот шампион откако беше поразен во првото коло од Татран Прешов, денес ќе атакува на првата победа во новата сезона од регионалното натпреварување.
Натпреварот меѓу Вардар и Партизан ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 18:00 часот.
Пренос ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.