Македонскиот шампион Вардар денеска ќе го одигра четвртфиналниот натпревар од регионалната СЕХА лига против хрватскиот Нексе Нашице.
Избраниците на Владо Недановски во натпреварот против хрватскиот вицешампион ќе се обидат да се покажат во добро светло, откако на Струшкиот турнир не ја оправдаа улогата на фаворит и завршија на 4. позиција.
Победникот од овој дуел ќе обезбеди место на завршниот турнир во Задар, кој ќе се одржи во периодот од 2 до 4 септември. До овој момент, пласман на Ф4 обезбедија Веспрем и Загреб.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:15 часот, а може да го гледате ТУКА.