Рускиот интернационалец Глеб Калараш на крајот на оваа сезона ќе си замине од Вардар.
Кружниот напаѓач три сезони го носеше „црвено-црниот“ дрес, но во Скопје доаѓа Французинот Жереми Тото, а остануваат Патрик Валчак и Стојанче Стоилов.
Русинот на социјалните мрежи веќе се заблагодари на навивачите на Вардар, а се уште не е позната неговата следна дестинација.
Претходно Калараш играше за Санкт Петербург, Магдебург и Мотор Запорожје, додека за руската селекција настапи 68 пати.
View this post on Instagram