„Гладијаторите“ повторно во погон (ФОТО)

Ракометарите на Охрид ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата, откако ниту еднаш не ја почувствуваа горчината во есенскиот дел.

Охриѓани ќе разигруваат за титулата со Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Пролет, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Струга.

Стратегот Раде Стојановиќ ќе има уште еден избор плус во бековската линија, откако потпис на договорот стави левиот бек Михајло Младеновиќ.

Тој заедно со чуварот на мрежата Никола Даниловски, се со националниот тим во Египет, па кон крајот на месецов ќе му се стават на располагање на Стојановиќ.