Екипата на Магдебург се најде на тронот во Лигата на Европа откако денеска се избори за победа од 28:25 во финалето од второто по квалитет натпреварување.
Во интересна средба тимот на Магдебург се најде во предност од седум гола уште после првите 30 минути кога победникот беше одлучен. „Гладијаторите“ имаа водство од 15:8. Тргнаа сигурно од првата минута со предност од 3:0 и постојано беа во водство. Имаа сигурен резултат и позитива во текот на целото полувреме, а ова водство се одржуваше постојано и се зголемуваше.
Седумте гола позитива после првиот дел од средбата донесе можност за уште поголема предност на стартот од вторите 30 минути. Магдебург имаше целосна контрола така што не дозволи да има проблеми околу победата и тука веќе немаше никаква дилема за тоа кој ќе дојде до победата.
Иако Фуксе Берлин успеа да стигне до намалување, но не успеа да стигне до нешто повеќе и остана на три гола негатива. Магдебург издржа и стигна до победа од 28:25 со што се најде на тронот во Лигата на Европа.
Тим Хорнке и Омар Магнусон беа најефикасни со по седум гола, а по четири имаа Дамгард и Мертенс. Во редовите на Фуксе Берлин, Ханс Линдберг имаше осум гола, а четири постигна Пол Друкс.