Енергетската комапнија ПГЕ објави дека ќе го намали, и тоа за половина, спонзорирањето во полскиот шампион Келце.
ПГЕ е главен спонзор во Келце од 2017 година, а сегашниот договор е се уште на сила до сезоната 2020/2021, но полските медиуми пишуваат дека по крајот на оваа сезона ќе се намали спонзорството за 50 проценти.
„ПГЕ Груп, по деталните анализи, реши да го редуцира спонзорството за половина, но не можеме во овој момент да информираме за деталите поради специфичната ситуација“, велат од ПГЕ за полските медиуми.
Келце оваа сезона обезбеди место во осминафиналето од Лигата на шампионите, а таму треба да се сретне со словенечкиот Целје, но најверојатно овие натпревари ќе бидат одложени, односно откажани, и полскиот тим ќе остане без шанса да се бори за Келн.