Ги однесе на Светско првенство, па си замина од селекторската позиција

Француската легенда Дидие Динар нема повеќе да биде селектор на репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Динар само три месеци откако дојде на функцијата, заминува, иако направи добар резултат на Азиското првенство.

Саудиска Арабија го освои третото место со триумфот над Иран и обезбеди место на Мундијалот во Шведска и Полска следната година.

„Заминувам од селекторската позиција со гордост за исполнетите цели. Што се однесува до следните планови, разгледувам понуди кои веќе ми пристигнаа“, изјави Динар за француските медиуми.

Во стручниот штаб на Саудиска Арабија како тренер на голмани е Македонецот Александар Царчев.