И покрај сите прогнози Зоран Јовичиќ го одведе Горење до титулата шампион во првенството и стигна до четвртфиналето во Лигата на Европа каде што го очекува двомеч со португалска Бенфика, а таквите резултати му донесоа продолжување на договорот. Претходно во осминафиналето, Горење го елиминираше тимот на Ним.
Соработката на клубот со 46-годишниот стратег започна во 2018 година, а сега истата е продолжена за уште две сезони. Пред споменатите успеси Јовчиќ со Горење го освои националниот Куп и играше полуфинале во ЕХФ Купот, таму беа запрени од грчки АЕК.
„Мило ми е што се договоривме на задоволство на двете страни. Добро работевме до сега, воспоставивме систем на едукација на младите играчи. Во новиот циклус некои играчи ќе не напуштат, а нови ќе дојдат, но целите на тимот ќе останат исти. Работиме максимално на секој тренинг и во секој натпревар. Сакаме да создаваме нови звезди и да напредуваме од натпревар во натпревар“, изјави Јовчиќ по продолжувањето на соработката.
Во Горење Јовичиќ стана посебно препознатлив по добрата работа со младите ракометари.