Минатата година беше доста напорна на ракометен план бидејќи покрај редовните активности, Мундијалот, европските купови, домашните првенства… имаше и Олимписки игри па ракометарите и ракометарките имаа голем број на натпревари, а познати се и рекордерите.
Левото крило на Данска и на тимот на Кил, Магнус Ландин, е број 1 со дури 86 средби. Тој речиси секој четврти ден имаше натпревар и се најде на листата пред другите.
Во топ 10 се играчи кои настапуваат во клубови што се во Лигата на шампионите и играат за репрезентации кои летото играа во Токио и имаа главен збор исто како и на Мундијалот минатиот јануари во Египет.
ИГРАЧИ СО НАЈМНОГУ НАТПРЕВАРИ ВО 2021
ТОП 10
86 – Магнус Ландин (Кил, Данска)
84 – Феликс Клар (Алборг, Шведска)
84 – Харалд Рајнкинд (Кил, Норвешка)
81 – Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
80 – Лукас Сандел (Алборг, Шведска)
80 – Лудовик Фабрегас (Барселона, Франција)
80 – Кевин Мелер (Барселона/Флензбург, Данска)
80 – Никлас Ландин (Кил, Данска)
79 – Хенрик Мелгард (Алборг, Данска)
78 – Дика Мем (Барселона, Франција)