Ги наградија со плакети поранешниот селектор и капитен (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Црна Гора вчера во Подгорица играше против Словенија во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Специјален момент во СЦ  „Морача“ беше плакетата од Ракометната федерација на Црна Гора за Васко Шеваљевиќ и Зоран Рогановиќ.

Довчерашниот селектор Рогановиќ поради неисполнување на зацртаните цели на Мундијалот одлучи да даде оставка.

Црна Гора под водство на Рогановиќ го оствари најголемиот успех на големите натпреварувања. Црногорската репрезентација на Европското првенство 2022 беше една од изненадувањата и континенталниот собир го заврши на 11 место

Екс капитенот на Црна Гора, Шеваљевиќ по настапот за црногорската селекција на Светското првенство 2023 реши да се повлече од националниот дрес и да се посвети само на клупските настапи.

Гореше Подгорица – три црвени картони и полн плен за Словенија пред 5.000 Црногорци (ВИДЕО)